Зетот на Жељко Самарџиќ ќе соработува со Џастин Бибер

Светската музичка ѕвезда Џастин Бибер ќе ги здружи силите со српскиот диџеј Игор Гарниер со кого набргу ќе објави нов сингл.

Талентираниот музичар од новобелградските блокови и зет на Жељко Самарџиќ веќе половина година престојува во Америка, каде што има во план да направи неколку состаноци со Џастин Бибер и со прочуениот продуцент Квинси Џонсон, кој стои зад најголемите хитови на Мајкл Џексон.

„Џастин е одлично момче и исклучителен музичар, се надевам дека многу бргу ќе успееме да ја оствариме соработката. Неколкупати бевме кај него дома. Бевме опуштени, зборувавме на разни теми. Посветен е на музиката и постојаното компонирање“, ги пренесува Игор своите впечатоци и објаснува како се снаоѓа во Америка.

„Овде работите се многу поинакви отколку во Србија. Луѓето се поотворени и подготвени за ризик и напредок. Запознав доста луѓе од светот на музиката и филмот, многу од тоа научив и одам на сигурно кон својата цел“, вели Игор.

Тој веќе на шест години почнал да свири на клавир. Завршил музичко училиште, а пред 13 години се запознал со електронската музика.

Наводно, Џастин Бибер дури и му го дал да му го повози автомобилот.

Во прашање е луксузно „ламборгини“, кое вреди 400.000 долари.

 

 

Scroll to Top