Актерот Жарко Лаушевиќ (61) со секира се повредил на снимањето на новиот филм „Хероите на Халијард“. Според српските медиуми, додека тој во раката држел секира, таа му паднала и му ја расекла ногата, но и една поголема вена, па по реакцијата на медицинската екипа на сетот, тој продолжил со снимањето.
„Според сценариото, Жарко требаше да замавне со секирата над главата до подот и некако, додека замавнуваше, таа му се лизна од рацете и сечилото директно му падна на кожениот опинок, кој е дел од неговиот костум. Иако опинокот е од релативно цврст материјал, врвот на секирата го пресече и му направи длабока расеченица од неколку сантиметри на дорниот дел од стапалото. Крв прскаше на сите страни и сите се исплашивме. На Жарко не му беше сеедно, ама се трудеше да не паничи. Лекарите реагираа веднаш, го запреа крвевењето, ја дезинфицираа раната и сега е добро“, рекол еден од луѓето што работат на снимањето на филмот.
Лаушевиќ во новиот филм на Радош Баиќ игра помала улога, па затоа продуцентите решиле да не го прекиинуваат снимањето на филмот. Но, покрај познатиот глумец цело време биле колегите и членови од екипата, кои му помагале да се движи, а лекарите на неколку часа му ја преврзувале раната бидејќи снимањето било во селото Неменикуќа, во близина на Космај, а тој не бил веднаш однесен во болница.