Жељко Бебек и неговата сопруга Ружица се запознаа пред 25 години, кога таа имаше 18, а тој 52 години. Разликата во годините никогаш не им била проблем за да имаат складен брак, а за ова тие збооруваа во за хрватската емисија „Ин магазин“
„Таа промени сè со самото тоа што влезе во мојот живот“, раскажува 77. годишниот Жељко. На ова Ружица се надоврзува. „Жељко некако ме обликуваше. Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и преку некое заедничко дружење сфативме дека сме вистински еден за друг“, вели 43-годишната Ружица.
Без разлика што таа беше млада и уште немаше завршено факултет, или што бев искусен волк во кариерата на рокенролот, јасно беше дека доволно омекнав за да почнам да гледам поинаку на животот“, вели музичарот и додава: „Таа е вистинската. Да ме сретнеше кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години. Но, таа тогаш не наиде, туку се роди кога ја објавив песната ‘Битанга и принцеза’.
Многумина се сомневаа во нивната љубовна приказна бидејќи Жељко е 34 години постар од Ружица. Сите им предвидувале дека врската нема иднина. Ни велеа: Тоа ќе трае месец, два, три, па ќе пукне. Но, ние бевме посилни од тие гласини. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште се слушавме на фиксен телефон, кога ми се јавуваше дома или ми испраќаше разгледници од патувањата. Тоа беа долги телефонски разговори меѓу нас“, се присети Ружица. И додава : И сега, по нашите 25 заеднички години, насловите во весниците се: ‘Жељко Бебек и неговата 34 години помлада сопруга’. Па, јас сум со него 25 години, не сум два месеци па тоа да биде бомбастична вест. Јас сум со него 25 години, тоа е поважно од рзликата во годините“. вели Ружица.
Сепак, таа отсекогаш ја имала поддршката од нејзините родители кои брзо ја прифатиле нејзината врска со музичарот.
„ Моите родители многу ни помагаа кога децата беа мали. Секогаш многу патувавме, а децата беа со нив. Мислам дека сè излезе како што треба, се присети Ружица.
Жељко и Ружица Бебек се 25 години заедно, од кои 21 година се во брак. Едноставно, тие се неразелни, што, според нив, е рецептот за хармоничен брак.
Фото: Ин Магазин, Инстаграм
„