Жељко Бебек вечерва ќе одржи концерт на Антички

Вечерва со почеток од 22 часот, популарниот музичар Жељко Бебек со неговиот бенд ќе го одржи првиот од двата  концерта  во Античкиот театар во Охрид. Тој во март имаше закажано два концерта во Скопје, но тие беа откажани поради короната.

Публиката сега ќе има можност да ги слушне во живо безвременските хитови „Сањао сам ночас да те немам“,„Селма“’, „Има нека тајна веза’, „Доживјети стоту’, па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек „Оно нешто наше“.

Од „Авалон“, кои се организатори, велат дека ќе бидат испочитувани сите мерки и протоколи издадени од Министерството за здравство. Бидејќи по новите протоколи за одржување концерти капацитетот на Антички ќе биде намален за 50%, во продажба се пуштени само 1.200 билети.

Билетите за трибините ќе чинат 1.000 денари, а ВИП-билетите се 1.500 денари. Влезот за сите посетители задолжително ќе биде со заштитни маски.

„Сите кои сè уште ги чуваат билетите за концертите во Македонската филхармонија ќе може да го гледаат Бебек во Охрид со истите билети, заменети за ВИП-билети“, велат од „Авалон“.

 

Scroll to Top