Жељко Јоксимовиќ компонирал музика за утринската емисија на Јована

Јована Јоксимовиќ заедно со Срџан Предојевиќ почна да ја води утринската програма на телевизија „Прва“. Деновиве таа е активна на „Инстаграм“, а на обожавателите на социјалните мрежи им постави прашање:

„Кој работеше на музиката за шпицата на утринската програма на телевизија ‘Прва’?“

Тајната многу брзо ја откри Јована. Автор на музиката за шпицата на утринската програма на телевизија „Прва“ е нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ.

„Прекрасната музика за шпицата на нашата утринска програма ја направи мојот сопруг, мојата љубов и најголема поддршка Жељко. Не постојат зборови со кои можам да се заблагодарам затоа што неговата желба е да направи поголема магија од оваа која ја искомпонира“, напиша Јована Јоксимовиќ и објави како звучела шпицата.

Scroll to Top