Жељко Јоксимовиќ? Па тој воопшто не ми е симпатичен-Јована за љубовта со познатиот пејач

 

Јелена Јоксимовиќ кога го запознала нејзиниот сегашен сопруг популарниот пејач, Жељко Јоксимовиќ сметала дека тој воопшто не е симпатичен, а тој пак паднал на неа откако во нејзината кола пронашол негов албум. На самиот почеток нивната врска не изгледала дека ќе трае долго, но денес тие двајца не можат да се замислат еден без друг.

„Жељко и јас, иако можеби звучи како клише, навистина секој ден се сакаме сè повеќе и повеќе. Рецептот за тоа може да звучи едноставено, но навистина е – ги почитуваме и цениме сите разлики еден со друг. Исто така, ние сме целосно искрени и такви бевме  уште од првиот ден. Заљубени сме затоа што се сакаме и тоа е тоа, нема калкулации“ – вели Јована Јоксимовиќ.

И Жељко не ги крие своите емоции и колку е значајна таа за него.

„Секогаш кога ќе ја погледнам, ја гледам мојата среќа. Среќен сум што Јована е моја и знам дека таа беше вистинскиот избор. На почетокот не се чинеше дека ќе бидеме толку силен тим, сега едноставно уживаме во еден со друг, уживаме во животот и секогаш сме тука за другиот“ вели пејачот.

Јована и Жељко важат за една од најхармоничните двојки на балканската сцена и имаат три деца – син Коста и близначките Ана и Срна. Тој има ќерка Мина од првиот брак.

Тие се запознале во 2008 година кога Србија бешедомаќин на Евровизија во Белград, а тие дел водители.

„Кога ми рекоа дека ќе ја водам Евровизија и имаше прашање за тоа кој ќе биде машкиот водител, се сеќавам дека велев: „Знаете што, ако има правда, тоа ќе биде Жељко Јоксимовиќ, иако  тој воопшто не ми е симпатичен “, сè друго е легенда, раскажува Јована и вели :  Ова беше прв пат кога го видов Жељко, но тогаш ми стана сладок. Кога тој раскажува како ме запозна, вели дека ме видел позади сцената и прашал : Која е оваа девојка ? додава Јована

Scroll to Top