Жељко Јоксимовиќ: Се чувствува страв од пожарите во Грција

Познатата водителка Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг Жељко, кои во моментот се на летување во Атина, сведочеа за големите пожари што ја зафатија Грција.

„Ние се наоѓаме во делот на градот каде што нема никаква опасност. Не сме загрозени, а колку можев да забележам, луѓето на улица не се премногу исплашени. Не е ништо драматично. Пожарот од нас е оддалечен 30 километри. Единствено што забележавме е чадот што се чувствуваше во овој дел од градот“, вели Јована.

Нејзиниот сопруг, пејачот Жељко Јоксимовиќ, изјави дека доцна вечерта не се чувствувал чадот, кој претходно се чувствувал во целиот регион.

„Сепак, се чувствува стравот. Атина е целосно запустена. Пожарот предизвика голем шок за сите жители и туристи што се затекоа таму“, вели Жељко.

Српската одбојкарка и некогашен член на „Олимпијакос“, Ана Лазаревиќ, од своите поранешни соиграчки од клубот дознала дека целата земја е во хаос.

„Некој запалил нешто на планината и поради силината на ветерот, огнот се проширил со брзина на светлината. Колешките ми пренесоа дека луѓето се фрлале во морето да пливаат и првпат во животот забележале како морето гори“, вели Лазаревиќ.

Српскиот фудбалер на „Олимпијакос“, Марко Марин, вели дека во делот на Атина каде што тој живее, животот тече сосема нормално.

„Кај нас сѐ е во ред. Пожарите од нас се оддалечени на 20 или 30 километри. Јас штотуку тргнав да одам на тренинг. Сѐ функционира нормално“, изјавил Марин.

 

 

Scroll to Top