Жељко веќе нема да пее на „Евровизија“

Српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во интервју за „Модно“ изјави дека веќе не сака да пее на „Евросонг“, иако неколкупати постигна голем успех

„Никогаш повеќе како изведувач, па тоа е наместено, нели?“, вели Јоксимовиќ во интервјуто.

Јоксимовиќ два пати пееше на „Евровизија“. Со песната „Лане мое“ го освои второто место во 2004 година во Истанбул, а во 2012 година во Азербејџан со песната „Није љубав ствар“ го освои третото место. Тој на „Евровизија“ учествуваше и како автор, ја напиша „Оро“ на Јелена Томашевиќ и „Лејла“ на Хари Мата Хари.

Scroll to Top