Жени од регионот ја навредуваа Брена по новата реклама за хулахопки

By

Српската ѕвезда Лепа Брна ја промовираше своја модна линија на хулахопки „Лејди Би“. Ова беше повод пејачката да се најде на мета на навреди од македонските фанови на социјалните мрежи, откако објави фотографија со уште две помлади девојки со кои позира во хулахопки.

dobivaj vesti na viber

Покрај коментарите со пофални зборови за пејачката, имаше и такви кои ѝ порачуваат дека не ѝ доликува на годините да позира во провокативни пози. Голем дел од коментарите се и замерки дека претерала со ботоксот, но и со фотошопот бидејќи сите знаат колку години има.

На промоцијата за хулахопките таа откри дека токму навредите на сметка на изгледот кои ги добивале жените повозрасни од 50 години ѝ биле мотив да се посвети на линијата на чорапи со кои ќе се скријат сите недостатоци.

Брена се одлучила да развие бизнис во кој ѝ помогнал нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ заедно со синот Филип.

„Јас мојот сопруг можам да го наречам не само човек кој ги исполнува моите желби, туку некој што ги реализира. За мене тоа беше невозможна мисија, но со неговата креативност, упорност и способност го реализиравме проектот“, изјавила Брена.

Лепа Брена е во седмата деценија, а на естрадата е присутна околу четири децении.

Ќе ви се допадне