Жешка бринета се бори за најубава жена во Босна и Херцеговина

By

Андреа Брачиќ од Мостар е во борба за титулата најубава жена во Босна и Херцеговина, како што пренесува bbportal.info.

Таа ќе се натпреварува во најпрестижниот избор за убавина Мис на светот во Босна и Херцеговина, а победничката на овој престижен избор ќе ја претставува земјата на Филипините на изборот за Мис на светот.

Андреа има 21 година и студира односи со јавност на Филозофскиот факултет во Мостар.

Оваа убавица има одлична кариера во светот на моделството и неодамна потпиша договор за заштитно лице на една од најдобрите модни куќи во Европа, словенечката „Лиска“.

Многумина ѝ предвидуваат блескава кариера и во наредниот период оваа млада девојка од Мостар ќе сними два едиторијали за познатите светски списанија, а исто така е во преговори со уште еден од најпрестижните светски брендови.

Андреа за својата совршена фигура смета дека најзаслужен е фитнесот и, како што вели, тоа е еден од најдобрите начини да се чувствува добро. Како што истакнува, покрај фитнесот, хоби и е и читањето.

 

Ќе ви се допадне