Жика Јакшиќ не дојде на снимање, се плаши да не ги зарази другите со корона

Познатиот српски водител Жика Јакшиќ, не дојде на снимањето на неговата емисија „Никогаш не е доцна“ затоа што се плаши да не заболи од коронавирус.

Јакшиќ направи теститање на Ковид-19, а објаснил дека не доаѓа на снимање затоа што ги чека резултатите од тестот.

„Секако дека постои причина зошто не дојдов на снимањето. Сеуште ги чекам резултатите од PCR тестот. Направив тестирање преку земање на крв и истиот излезе негативен. Сега го чекам другиот тест. Не сакав да ризикувам и да ги загрозам другите“, изјавил Јакшиќ.

За потсетување, откако се случи забавата во домот на Цеца, голем број од естрадата во Србија беше позитивна на коронавирус. Оттука и Жика се одлучи да се тестира.

 

 

 

Scroll to Top