Жика Јакшиќ: Саша Поповиќ ми го направи животот пекол

Популарниот српски водител Жика Јакшиќ изјави дека, Саша Поповиќ, му го направил животот пекол, откако, првиот човек на „Гранд“, јавно и самоиницијативно, без да се консултира со него, им открил на публиката и пошироката јавност дека е заболен од коронавирус.

Јакшиќ вели дека бил ставен во непријатна ситуација и дека морал да им одговори на пораките на голем број луѓе кои биле загрижени за неговата здравствена состојба.

„Јас ги чекав резултатите од вториот тест. Јас требаше да и се обратам на јавноста и да им кажам дали сум заразен од вирусот. Но, Сале го кажа тоа пред мене јавно во емисија. Два дена животот ми го направи пекол. Имав милион повици и морав да се објаснувам дка сум добар. Дека ништо не ми фали“, изјавил Жика.

 

Scroll to Top