Ден откако било пријавено дека Јелена Марјановиќ исчезнала, по џогирањето кај насипот во Борч, откриено е нејзиното тело во близина на каналот полн со вода. Полицијата веднаш го пребарала домот на семејството Марјановиќ. Таму затекнале неколку нелогичности, но тие не биле доволни за некој од членовите на семејството да биде осомничен за вмешаност во злосторството.
Најголемото изненадување било кога инспекторите по пребарувањето на целата куќа се преселиле на кровот. Тогаш биле повикани и две сосетки во својство на сведоци.
20 дена откако било нагрдено телото на Јелена, кое било откриено во водата, полицијата од вештачените работи кои ги собрала од нејзиниот дом утврдила дека целокупната покуќнина, мебелот, ѕидовите и подот биле детално исчистени.
Наводно тепихот, кој инспекторите го изнеле во дворот, бил испран со специјално средство, но и бањата била комплетно исчистена.
Не е познато кој ниту зошто го направил тоа, иако според моменталните сознанија, сето тоа може да биде поврзано со трагите за вмешаноста на Зоран во убиството на Јелена.
Иако податоците дека Марјановиќ детално ја исчистиле куќата по убиството на Јелена изгледаат мошне интригантно, сè уште не можат да бидат доказ.
Тој ден кога е изнесен тепихот и уште неколку работи од куќата Зоран и таткото Владимир не биле дома. Тие, според тврдењата на соседот, заминале доцна во ноќта со друг автомобил затоа што тој ден нивното возило не било на вообичаеното место.
До денес не е утврдено што навистина се случило тој ден.
Зоран и Владимир во „Ќирилица“ зборувале колку им е тешко
Зоран говорел дека на народот не може да му се удоволи и дека го озборувале затоа што избричен и пострижен отишол на гробиштата, а тоа е знак за недоволна тага за сопругата. Тој истакна дека и сега редовно на домашната адреса стигнуваат разни гатачки кои му нудат услуги за да ја откријат вистината за убиството на неговата сопруга.
„Нè сметаат за сатанисти, луѓе со чудни фризури. Некои детски цртежи на ѕидот ги сметаат за сатанистички знаци. Ми замерија што се избричив и пострижав, а јас го направив тоа за моето дете. Доколку не се средев, и тоа би им пречело. На народот не може да му се удоволи. Никој не знае колкава е нашата болка“, раскажа Зоран на 20 мај минатата година, само 49 дена по убиството на Јелена гостувајќи во емисијата „Ќирилица“ на телевизија „Хепи“.
Нејзиниот татко Владимир Марјановиќ тогаш тврдел дека семејството до тој момент само проживеало два хорор филма.
„Нема нешто за кое не нè обвинија. За мојата жена изјавија дека е вештерка, а секој кој ја имал честа со неа да разговара знае дека тоа не е вистина. Луѓето кои доаѓале кај нас го знаат тоа. Имала клиничка смрт и станала видовита. Тоа не е необично кај луѓето кои го преживуваат тоа. Сите ни замеруваа за нешто“, раскажа очајниот татко на Зоран и свекор на Јелена.