„Знам дека се молевте за мене“, Северина им се заблагодари и на фановите од Македонија

Откако минатата недела го изгуби старателството над синот Александар, хрватската пејачката Северина Којиќ преку „Инстаграм“ им се заблагодари на сите фанови, пријатели, познати и непознати, што мислеле на неа и ја поддржале во најтешките денови од животот. Во пораката, таа им се заблагодари и на нејзините обожаватели од Македонија.

„Благодарам на сите што мислевте на мене. Посебно е чувството да си му некому во мислите, да те разбираат. Благодарам на сите јавни личности и на сите непознати кои ми дадоа поддршка. Во секој ваш збор почувствував по една мала молитва… Благодарам Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и им благодарам на сите луѓе кои живеат во дијаспората“, напиша меѓу другото Северина.

Пејачката откри и дека се подготвува за вечерашниот концерт во арената во Загреб, а на тие што ќе дојдат на концертот им порача: „Ве молам, вечерва само љубов и забава“.

За потсетување, судот во Загреб минатата недела донесе одлука со која старателството над Александар го добива поранешниот партер на Северина, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, а таа ќе може да го гледа синот по неколку часа два дена во неделата и секој втор викенд.

„Таткото кој ги пропушти првите чекори на синот, сега го зема од мене“, прво интервју на Северина по одлуката на судот

Scroll to Top