Српската актерка Катарина Радивојевиќ е исфрлена од серијата „Ургентен центар“ откако ѝ удрила шлаканица на продуцентката на серијата. Ова го открил сопственикот на продукциската куќа Горан Стаменковиќ.
Популарната Зоне на медиумите им изјави дека сакала да глуми и во втората сезона од „Ургентен центар“, но дека тие не сакале да ѝ го исплатат хонорарот што го побарала. Приказната на продуцентот е поинаква.
„Тоа што Радивојевиќ изјави дека не е веќе во серијата бидејќи не го добила бараниот хонорар, нема врска со реалноста. Таа беше насилна на сетот. Најважно е дека сега имаме добра атмосфера, а таа не се вклопува во тоа“, изјавил Стаменковиќ.
Радивојевиќ долго време живееше во Америка и беше во врска со актерот Бенисио дел Торо. Таа ја раскинала врската откако тој не сакал да се ожени за неа.