Славната актерка Катарина Радивојевиќ повеќе не е дел од серијата „Ургентен центар“, по скандалот кој се случи кога на организаторката и удрила шлаканица.
Екипата се согласила дека не ја сака актерката во тимот.
На скандалот присуствувала целата екипа од снимањето и изгледало како нормална караница. Наеднаш Зоне ја изгубила контролата.
Кога организаторката и соопштила на Катарина дека мора да почека неколку минути за превоз, таа се изнервирала и рекла дека не сака да слуша оправдувања.
Продолжила да се кара, па и удрила шлаканица. Од продукцијата „Emotion“ ги потврдуваат сознанијата за српските медиуми, а Катарина се уште не се огласила по тој повод.