Зоне Замфирова: Не ја нападнав колешката и има да тужам

By

Српската актерка Катарина Радивојевиќ, позната како Зоне Замфирова, одговори на обвинувањата кои претходно ги упати продуцентот Горан Стаменковиќ, тврдејќи дека добила отказ поради тоа што на сетот и удрила шлаканица на продуцентката.

Скандалот стигна во јавноста по информацијата дека ја нападнала продуцентката на серијата „Ургентен центар“, а Стаменковиќ изјави потоа дека поради нејзиното неприфатливо однесување, е прекината соработката со неа.

Катарина пак преку својот адвокат ги негираше обвинувањата.

-Не е вистина дека сум удрила било која жена на снимањето на серијата. Ова го кажува Стаменковиќ кој во светот на филмот залутал по грешка предизвикана од тектонски пореметувања. Тужба ќе поднесам до судот, а за Гоша имам само една порака: „Срам да ти е, зарем вака се подигнува рејтинг?“, вели актерката која од самиот почеток тврди дека не се вратила во серијата бидејќи и биле понудени финансиски услови под секое ниво.

Таа додава дека особено ниска и подла е невистината дека удрила жена и тоа во момент кога подготвува претстава и работи на промоција на женските права.

-Се гледаме на суд, заклучува актерката.

Ќе ви се допадне