Ѕвезда на „Гранд“ имаше сообраќајна незгода кај Мостар

Ѕвездата на „Гранд“, Мустафа Омерика доживеал сообраќајка кај Мостар. Полицијата пренесе дека несреќата се случила во неделата околу 17:20 часот и дека повредени се пет лица.

Во сообраќајката учествувале два автомобили, „Мерцедес“ и „Поло“. Со „Мерцедесот“ управувал Мустафа. Со тешки повреди се здобила жената која била на местото на совозачот во автомобилот „Поло“. Петмина се полесно повредени.

„Повредените се пренесени во две болници во Мостар“, рекоа службите.

 

Scroll to Top