Ѕвездата на „Гранд“ чека бебе со бившиот маж

Јелена Гербец, пејачката од Гранд, откри дека чека бевбе со поранешниот маж Владан Ѓоршевиќ, со кого се разведе во 2019 година. Иако не се заедно, тие решиле да си дадат нова шанса, откри пејачката во емисијата „Никогаш не е доцна“, каде што беше дел од жирито.

„Бебето не е изненадување. Сакавме уште едно дете и сега ќе го добиеме. Нашата ќерка Софија е пресреќна, ми го бакнува стомакот, сака да знае али ќе има брат или сестра. Искрено, не знам како дознавте дека сум бремена, уште е рано, во десетта недела сум и не планирав за сега да кажувам јавно дека ќе станам мајка“, рече пејачката во емисијата.

Таа пред неколку месеци за српските медиуми изјави дека не знае зошто се развела.

„Немав проблеми во бракот, имав поддржка од сопругот. Не лажев за убавите работи што ги зборував за него пред разводот. Ми помагаше со ќерката, ја разбираше мојата професија. Обврските нè оддалечија“, рече таа во интервју.

Инаку, Јелена се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ во петтата сезона, 2010/11 година. Не влезе во големото финале, но продукцијата ѝ овозможи да сними песна за нив.

 

 

 

Scroll to Top