Ѕвездата на „Гранд“, Јован Стефановиќ, во тешка состојба, итно примен во болница

Јован (Јоце) Стефановиќ итно е примен во болница и со брза интервенција е установено дека му пукнало белодробното крило.

Неговата состојба е прилично тешка, а семејството во ниеден момент не се одвојува од Јоцо, кој се наоѓа на Клиничкиот центар.

Неговата девојка Хана Олаиќ потврдила дека тој е во болница, но ништо детаљно не сакала да зборува.

„Јоцо има проблем со белите дробови. Му пукнало белодробното крило и сега ги чекаме резултатите да видиме како понатаму“, изјави неговата девојка.

Јоцо има 33 години, а во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреварувал во сезоната 2008/2009 година заедно со Милана Топаловиќ – Топалко, Дарко Лазиќ и другите.

Пневмоторакс е насобирање воздух во плевралниот простор. Спонтаниот пневмоторакс (пневмотораксот чија причина за настанување не може да се открие) обично се јавува кај високи и здрави мажи во третата или четвртата деценија од животот. Доколку спонтаниот пневмоторакс се повторува, индицирано е изведувањето на плевродеза. Причина на пневмоторакс може да биде руптура на супплевралните цисти, потоа траума на градниот кош, вклучително и јатрогените трауми (на пример, при бронхоскопија или при пласирање централен венски катетер).

 Големо количество воздух во плевралниот простор доведува до тахипнеа, цијаноза и хипотензија. Вредностите на функционалните белодробни параметри исто така зависат од големината на пневмотораксот.
На хемоторакс укажува отсуството на дишен шум над едниот хемиторакс при аускултација на белите дробови, а дијагнозата се поставува со радиографија на градниот кош. Работ од висцералната плевра на радиограмот се гледа како линија одделена од делумно колабираното белодробно крило. Во случаите на мала количина воздух во плевралниот простор радиграмот треба да се направи при максимален експириум на пациентот, со што се зголемува густината на белодробното ткиво. Пневмотораксот е речиси секогаш унилатерален.

 

Scroll to Top