„Ѕвездите на Гранд“ се враќаат без публика и со кандидати само од Србија

Саша Поповиќ се враќа во студиото за снимање „Ѕвездите на Гранд“ заедно со натпреварувачите и членовите на жирито на 25 мај. Но сега веќе  нема да биде исто.

„Ќе биде стариот систем во ново опкружување. Сè уште нема публика и секој член на жирито ќе има своја преграда од плексиглас и така ќе биде заштитен секој од нив. Исто така вративме неколку кандидати кои заслужуваат повторно да се натпреваруваат, затоа што сега немаме финале во јуни, ќе биде преместено во следната година “, објасни Саша и додаде дека најпрво ќе бидат снимени кандидатите од Србија:

“Се уште не е познато какви мерки ќе преземат околните земји, така што е најбезбедно за снимањето сега да го направиме со конкурентите од Србија. Последната емисија ќе заврши на крајот на јуни и тогаш ќе направиме уште пет емисии со кандидати од поранешна Југославија”.

На кандидатите кои се натпреваруваа во сезоната 2019/2020 на есен ќе им се приклучат и нови пејачи.

 

“Ние ќе направиме „онлајн“ аудиции.  Секоја година започнуваме со 400 до 500 учесници, а оваа година ќе биде поинаква. Значи, овие 120 што останаа и ќе додадеме други. Жал ми е што ја завршив сезоната толку брзо затоа што останатите се феноменални кандидати.  Го продолживме натпреварот, и иако нема публика , а жирито има бариери меѓу нив, сигурно е дека шоуто ќе продолжи . Една мала искра е доволна за нас и тогаш сè ќе гори, плексигласот нема да не спречи да правиме шоу“, рече Саша.

Саша Поповиќ посочува дека сегашната состојба поради пандемијата најмногу ги погоди музичарите, чија работа е сè уште во прашање заради забраната за собирање поголем број луѓе.

 

Scroll to Top