Авалон продукција најавија дека по повод јубилејот, 25 години од нивното постоење, годинава ќе организираат 25 концерти. Во рамките на овие концерти ќе се одржи и најголемиот македонски фестивал на отворено „Скопје колинг“, но новина е што фестивалот ќе трае два викенда.
Хедланјер на првиот викенд ќе биде Ален Вокер, едно од најголемите имиња на електронската музичка сцена во моментов. Тој ќе има настап на 2 јуни (сабота) на стадионот на АРМ во градскиот парк.
Овој 20-годишен диџеј е еден од најслушаните артисти на денешнината. Неговите хитови Faded, Alone и Sing Me To Sleep урнаа бројни рекорди на гледаност, а имаат и платинест тираж во повеќе од 10 земји. Оваа година Вокер најави нова музика и светска турнеја.
Влезниците по цена од 1000 денари за партер и 1500 денари за фан пит ќе бидат во продажба од 9 февруари.