Анастасија прави журка за скопјани

И покрај полупразната сала, Анастасија е вистински професионалец.Со петчлен бенд и своите пратечки вокали, светската поп ѕвезда ги пее своите хитови. Публиката на нозе,пее заедно со неа. Вистинска концертна журка.

Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно не се разликува од оние во другите европски метрополи во кои што Анастасија ќе го претстави својот нов албум.

Таа вчера пристигна во Скопје.Од организаторот на концертот побара мир во хотелот,огледала во гардеробата и здрава храна.Таа до неодамна се лекуваше од рак на дојката.

 

Scroll to Top