Армин ван Бурен на „Охрид колинг“

Светски познатиот диџеј Армин ван Бурен ќе биде вториот хедлајнер на „Охрид колинг“ во 2018 година. Тој ќе настапи на стадионот „Билјанини извори“ на 4 август. Освен него, на фестивалот ќе настапат и Димитри Вегас и Лајк Мајк, а нивниот настап „Авалон продукција“ го најави за 1 август 2018.

Ван Бурен четири години по ред беше прогласуван за најдобар диџеј според списанието DJ Mag, а во долгогодишната кариера има освоено многу признанија и награди. Тој е водител на радиошоуто State of Тrance и ова е најслушаното радиошоу во областа на електронската музика.

Билетите за овој настан ќе бидат пуштени во продажба утре (27.12) преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, и тоа по цена од 1.000 до 2.000 денари. Истиот ден во продажба ќе бидат пуштени и блок-билети за ова шоу и за она на Димитри Вегас и Лајк Мајк, а тие ќе чинат од 1.600 до 3.000 денари.

 

Scroll to Top