„Авон“ бара бунтовна девојка за заштитно лице

Компанијата за убавина „Авон“ бара урбана, оригинална и бунтовна девојка што ќе биде нивно заштитно лице за новата кампања. Преку проектот #RebelGirl, од 1 септември па во следните две недели компанијата ќе бара ново и свежо лице што ќе ги промовира нивните производи.

Сите девојки што сакаат да учествуваат во новиот предизвик на „Авон“ треба да објават своја фотографија на социјалните мрежи со хаштагот #RebelGirl и #OvaSumJas. Сликата треба да е оригинална, уникатна и необична. „Авон“ преку впечатливата слика ќе го да препознае автентичниот, бунтовнички карактер кај девојката, која потоа ќе биде нивно заштитно лице за неколку козметички производи.

Авон-предизвикот ќе трае од 1 до 14 септември. Во тие две недели ќе се одржат девет настани, Струмица, Битола, Штип, Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Куманово и Скопје, каде сите ќе може да ги тестираат новите производи на оваа компанија. Повеќе детали за новата кампања на „Авон“ ќе најдете ТУКА.

Scroll to Top