Бесплатни автобуси за концертот на Цеца во Кавадарци

Српската фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ на 9 септември ќе одржи концерт на затворањето на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2018“ во Кавадарци. Организаторите на манифестацијата велат дека обезбедиле бесплатен автобуски превоз од повеќе градови за оние што сакаат да дојдат во Кавадарци. Автобусите тргнуваат од 19 часот, а се враќаат назад на почноќ, по завршувањето на концертот на Цеца, кој треба да почне во 22 часот.

Автобусот од Скопје тргнува од пред хотел ВИП, од Штип од пред нова пошта, од Кочани од пред Основен Суд, од Битола од пред спортска сала „Боро Чурлевски“, во Струмица од пред „Тинекс“ и од Прилеп од пред рекламните паноа во центар.

Манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ секоја година привлекува илјадници посетители од земјава и од странство. Вечерва настап на  ќе имаат Некст Тајм, Љубојна и Џамбо и оркестар Агушеви. Вчера пред публиката пееше Слаткар.

Scroll to Top