„Бикини Мун“ на Манчевски на турнеја низ Македонија

Со проекциите во Штип на 20 и 25 април, почнува турнејата со киноприкажување во Македонија на „Бикини Мун“, петтиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски.

Филмот ќе игра во дваесетина градови низ земјава, меѓу кои и Кочани, Македонски Брод, Крива Паланка, Кичево, Свети Николе, Велес, Гостивар, Прилеп, Куманово.

„Бикини Мун“, првиот американски филм на Манчевски, снимен е во Њујорк, македонската премиера беше во Скопје на 22 март и наиде на исклучително позитивен прием – беше поздравен со френетичен аплауз, социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за филмот, а од 4 април игра и во Битола.

Изминатава недела филмот играше на еден од најреномираните фестивали за авторски филм во САД во Сарасота, каде беше преставен со најавата: „…Бикини е толку многу нешта завиткани во еден златен рудник за теми: мудра жена, диво дете, необуздан слободен дух, воена ветеранка, сексуално авантуристички мајсторски манипулатор… Бикини е вистинско отелотворение на енигма“. Критиката во САД, Бразил, Португалија, Бугарија, Србија и Македонија го нарекува филмот: „Брилијантен авторски филм“, „Фасцинатна приказна“, „Целосно свежо и оригинално дело на маестрален режисер“.

Scroll to Top