Брена и Шерифовиќ вечерва во Струмица

Фолк-ѕвездата Лепа Брена и поп-пејачката Марија Шерифовиќ вечерва ќе пеат на „Струмица опен фестивал 2018“. Тие ќе настапат на отворено, на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Пред нив ќе настапат „Виктори бенд“ и „Либеро бенд“. Концертот на Шерифовиќ ќе почне во 22:45, а Лепа Брена ќе почне да пее половина час по полноќ. По Брена, гостите ќе ги забавува Afishal.

Годинашното издание на „Струмица опен“ завршува утре.

Scroll to Top