Брена и Тони Цетински на „Струмица опен“

Од 10 до 19 август ќе се одржи седмиот „Струмица опен фестивал“. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат српските пејачи Лепа Брена, Марија Шерифовиќ и Саша Ковачевиќ и хрватскиот музичар Тони Цетински. Освен нив во Струмица ќе настапат и Тамара Тодевска, Владо Јаневски, Пата Пата Рекордингс, Виктори бенд, Афишал, Црвена јабука, Дубиоза колектив и Астра-ион пројект.

„На ‘Струмица опен фестивал’ ќе се реализираат преку 20 случувања, а ќе почне со традиционалната трка на келнерите. Ќе има настани поврзани со поезијата, сликарството, фотографијата, театарот и филмот“, рече Томи Печков од здружението „Културно-забавен живот“ на денешната прес-конференција на која беше соопштена целата програма на фестивалот.

Во оф-програмата организаторот најави дека има летна школа за гитара која ќе ја води Влатко Стефановски, а дека првпат ќе се организира и полумаратонска трка.

Scroll to Top