Четкар ќе свири на зајдисонце во Охрид

By

Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар овој петок ќе настапи на плажата Бонанца во Охрид. Концертот ќе почне во 19 часот, на зајдисонце. Билетите за концертот ќе во продажба по цена од 200 денари.

Познатиот музичар ќе свири својата авторска музика, а ќе промовира и песни од новиот албум кој изминатите неколку месеци го снимаше во Њујорк. Четкар ќе настапи во секстет постава: Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Со ова Четкар ја почнува својата летна турнеја низ Македонија. Во текот на следните неколку месеци тој ќе има десетина настапи во градовите низ земјава.

Ќе ви се допадне