Популарната манифестација „Златна бубамара“ почна со подготовките за своето најновото издание на музичко-сатиричното шоу што ќе се одржи на 24 февруари. Овај пат во салата „Борис Трајковски“

„Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и подобар живот, доаѓа 21. издание на ‘Златна бубамара’, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава“, велат од тимот на „Бубамара“.

Понатаму од тимот на „Бубамара“ потсетуваат:
„Ја затворија Универзална, ни го затворија ‘Метрополис’, ни остана уште ‘Борис’. Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот“. Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 20 декември преку Мктикетс.
