На 25 март со почеток во 11:00 часот, во Градски парк во Скопје ќе се одржи третата хуманитарна трка за децата со Даунов синдром. Трката ја организира мечувалечкиот клуб „Ескрим“ под мотото „И ние го можеме истото како и сите!“. Со овој настан организаторот сака да ја крене свеста за Даунов синдром, поттикнувајќи ги останатите спортски клубови да ги вклучат овие деца во спортот и да им обезбедат еднаков пристап како и на сите други деца.
„За нив спортувањето е од големо значење оти преку спортот ја развиваат моториката, координацијата, одржувањето баланс и тонус на мускулите. Сите овие работи се многу важни за нивниот понатамошен самостоен живот. Со спортувањето добиваат можност за социјализација и стекнуваат нови пријателства и се развиваат. Инклузијата дава исклучителни резултати во нивниот живот“, велат организаторите.
Собраните средства од пријавените учесници ќе се искористат за набавка на аудио опрема за Дневниот центар за лица со Даунов Синдром.