Денови на танц во „Капитол мол“

By

На 6 и 7 октомври „Капитол мол“ организира танцов хепенинг наречен „Кажи ми со танц“. Деновите на танц беа најавени преку т.н. танцова битка пред „Капитол“. Десетици млади хип-хоп и аренби-танчари почнаа „караница“ за да видат кој е подобар. На едната страна беше студиото „Брејк а лег“, а на другата „Аква денс-клуб“.

dobivaj vesti na viber

Во деновите на танц посетителите на „Капитол мол“ ќе може да се запознаат со балетско студио „Сонце“, балетското студио „Дијадема“, „Аква денс-клуб“ и студиото „Брејк а лег“. Во текот на овие два дена тие ќе им ги претстават своите програми и можности на посетителите преку класичен и модерен балет, хип-хоп и аренби.

Истовремено, поетите и авторите Ксенија Николова, Наим Иљази, Јован Илиески и Вера Калин ќе пишуваат на тема танц и ќе потпишуваат книги и поеми за посетителите.

„’Капитол мол’ цели кон тоа караницата да се претвори во танц, недоразбирањето во причина за разговор и неискреноста во искажување на вистината. Затоа, со комплетна грижа се фокусира на своите посетители и ги негува нивните најважни вредности“, велат организаторите на настанот.

Ќе ви се допадне