Два концерта на Дуке Бојаџиев во Скопје

По двегодишна пауза, Дуке Бојаџиев ќе одржи два концерта во Скопје, на 11 и 12 мај. Концертите ќе се одржат во Македонската филхармонија. Во рамките на целовечерниот концерт насловен „Сон – верба – љубов“, Дуке ќе настапи со авторски материјал дополнет со нови нумери од истоимениот албум, но и со дел од неговото поново филмско творештво.

Гости на концертот на Дуке ќе бидат Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет ќе свири Исмаил Лумановски.

Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Во неговата меѓународна кариера има креирано музика за многу филмови и соработувано со неколку добитници на Оскар. Во моментот работи на филмот „Бегство кон морето“ на Вељко Булајиќ. Има работено со артисти како Синди Лопер и Телепоп мјузик, а настапувал во светски дворани, меѓу кои и „Карнеги хол“ во Њујорк и „Авалон театар“ во Лос Анџелес.

Scroll to Top