Елена Ристевска, Дани, Весна Петрушевска в четврток вечер ќе се облечат како келнерки и ќе служат во познатиот скопски ресторан „Еквилибриум“. Тука со нив, во улогата на келнери, но и пејачи ќе бидат Билјана Петровска, Анкица Стојановска, Горан од Ар-ен-си бенд, Лена и Бојан Маротов. Станува збор за хуманитарна вечер, на која покрај тоа што ќе пеат, ќе ги служат гостите, а потоа 20 проценти од парите од прометот и целиот бакшиш ќе одат во хуманитарни цели, за децата со посебни потреби.
„Се надевме дека ова ќе биде навистина убава вечер, во која познатите не само што ќе пеат, туку ете и со тоа што ќе ги служат гостите се дел од нашата хуманитарна акција. Среќни сме што ќе можеме парите да ги донираме на децата со посебни потреби“, ни рекоа организаторите на хуманитарната акција.