„Ентер фест“ ќе носи познати музички имиња, конкуренцијата го саботира

Во пресрет на големиот музички фестивал кој треба да се одржи кон крајот на мај, во Скопје, „Ентер фест’’ се појавија и шпекулации, дека наводно конкуренцијата, извесна македонска продуцентска куќа, правла сопки околу организацијата на музичкиот фестивал на кој треба да настпат врвни музички имиња.

„Ентер фест“ ги информира сите љубители на фестивалот со својата објава

“ Следете ги нашите објави на нашата страница на ФБ, каде што ќе можете да се информирате за тоа што ќе се случува и кои се сите учесници на фестивалот. Ве информираме дека сме во преговори и во завршна фаза со многу светски и изведувачи од Балканот, затоа што „Ентер фест“ ќе биде најголемиот фестивал во регионот, кој ќе го направи градот Скопје и Македонија престолнина на културата во последната недела од мај“,  се вели во соопштението.

Организаторите велат дека официјално, ќе информираат, кој  се ќе настапи на фестивалот на 16 април на прес-конференција. „ Дотогаш, немојте да бидете измамени од лажните информации што ги остава конкуренцијата“, велат  организаторите.

Scroll to Top