Фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибање е добитник на Гран при нагрaдата за најдобар целосен настап на годинашниов 44.фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, што заврши синоќа на Рудина кај Долнени
Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени ја понесе гајдаџијата Кире Ризоски од селото Боротино, Прилепско. Фестивалското жири во состав на етномузиколозите Илчо Јованов од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и уметнички директор на Фестивалот, како и музикологот Захаринка Милосављевиќ, доделија и 10 статуетки и дипломи за успешни настапи на учесниците на годинашниов Фестивал.
Со тоа заврши годинашново 44.издание на оваа национална манифестација која ја негува и ја зачувува изворната музика што се пренесува од генерација на генерација низ вековите.
Во двете фестивалски вечери, во петокот во Прилеп и синоќа на Рудона кај Долнени околу 250 изведувачи на изворниот мелос од цела Македоја покажаа дека народниот фолклор се чува и се пренесува на новите генерации.