Тимот од Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски годинава беше најбрз на Бизнис трката покрај Вардар во Скопје и освои златна штафета. Друштво на патеката му правеше неговиот колега Бранимир Јовановиќ.
Сребрена штафета освои тимот од „НЛБ Тутунска банка“, а трета на целта стигна екипата на „Телеком“ кои ја освоија бронзената штафета.
Покрај нив во трката учествуваат и компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и останати субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Македонија.
Трката беше штафета со четири измени, а компаниските тимови ќе беа во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. На патеката долга 8 километри секој учесник во својата измена истрча по 2000 метри.
Минатата година најбрз беше тимот на Министерството за финансии предводен од министерот Драган Тевдовски, втор беше тимот на Seavus, а третото место го освои екипата на Телеком.
За сите учесници на трката, претходно се организира нетворкинг забава за запознавање и дружење, која иницирана од трчањето може да донесе нови деловни релации за бизнис заедницата во нашата земја.
Најбрзите три тимови на Business Run 2018 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, како и со вредни подароци за тимот, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.
Стартот е закажан за 10 часот, на рекреативната патека на кејот на Вардар кај хотел Парк.
Организатор на Business Run 2018 e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.