Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, или едноставно „Ту челос“, вечарва ќе имаат концерт во ВИП Арената. Тие вчреа попладне пристигнаа во Скопје, а веќе вечерта беа во познатиот кафе-ресторан „Еквилибриум“, на свираката на Горан Наумовски и Бојан и Лена Маротови. Со вина, ајвар, пинџур, гравче-тавче, вчеравечер било вистинска фешта во скопската населба Аеродром. Од она што ни го кажаа организаторите на концертот, „Авалон продукција“, и двајцата биле многу скромни во барањата, па немало ништо посебно на рајдер-листата, освен дека мора да се јаде македонска храна.
„Нема ништо посебно, тие навистина се скромни. Сè што требаше е да има наши домашни специјалитети, тавче-гравче, ајвар, пинџур и добри македонски вина“, ни рече вели Ивана Нолчева, пиар на „Авалон“.
Концерт е вечер, во почеток во 21 часот, кога двете чела ветуваат одлична концертна журка со со обработката на светските поп и рок класици. (А.Г.)