Познатите ТВ лица, Татајана Стојановска, Јелена Спенџарска, Зои Блаж, Елена Петреска, Андреј од ДНК, Даниел Кајмаковски, Александар Тарабунов, Симона Петревска, беа дел од хуманитарна забава “Winter Fairytale“ за поддршка на СОС детско село Македонија.
Парите од забвата ќе бидат наменети за децата од СОС детско село, па со собраните средства децата ќе бидат однесени на некое патување пред Нова Година. Во среда ќе се знае колку пари се собрани од забвата.
Хуманитарната забава била во Дистрикт бар на Хотел Мериот во Скопје.
„ Најубаво е да се покаже хуманост токму пред новогодишните празници“, рекоа бренд амбасадорите на Promoitalia кои ја организираа забавата и всушност тие секоја година организираат забваи од ваков тип.