Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ, вчеравечер беше вистинско освежување за скопската публика. Иако, Нина не успеа да ја наполни „Македонската филхармонија“, па имаше многу прази места, сепак, хрваткста пејачка направи концерт за кој долго ќе се зборува.
Забавата ја отвори со „Дани и године“, публиката уште на прва почна да пее со неа, а потоа се редеа сите нејзини познати песни. Ѝ речиси немаше песна на која публиката не пееше и не играше со Бадриќ.
До толку, забава, што хрватската пејачка почна и да рапува на сцената па ова беше само уште една причина, за концертно расположение на публиката.
Нина важи за едно од најпопуларните имиња во Хрватска. Нејзните песни речиси сите се хитови. Ѝ со браќата Тавитјан, симаа за нивниот албум, кога Нина ја отпеа „Не кажувај либе добра ноќ“. Организатори на концертот беа „Авалон“ продукција .