(Галерија) „Убавина и здравје“ со роденденска журка славеше јубилеј

Женскиот магазин „Убавина и здравје“ вчера во ресторанот „Парк“ го прослави својот 10-ти роденден. Колеги, новинари и јавни личности беа дела од роденденската забава.

Опуштена атмосфера, со многу музика, познати личности – вака некако беше на јубилејот на „Убавина и здравје“.

Поп-пејачката Наташа Малинкова со сплет на македонски, светски и ретро хитови направи вистинска забава за гостите.

„Би сакале да изразиме огромна благодарност до сите вас што одвоивте од вашето време да присуствувате на нашиот роденден, но и до сите оние што беа спречени да присуствуваат, а кои несебично ја изразуваат својата поддршка и доверба во текот на сите овие 10 години“, рече Јована Стојменовиќ, уредник на магазинот.

Scroll to Top