На третата вечер од фестивалот на комедијата „Гола месечина“, вечерва во 21 часот на отворената сцена во спорсткиот центар „Ново Лисиче“ ќе биде изведена претставата „Госпоѓа министерка“, гостување на Народниот театар од Ниш.
Режисер на претставата на текстот од Бранислав Нушиќ е Душан Јовановиќ. Оваа претстава е оценета како моќна, возбудлива, динамична и интензивирана со трагикомична енергија.
„Современ приказ на лудилото од жедта за власт, сочна и смешна критика на менталитетот, но и прецизни урнебесни ситуации. Претставата е освежена со низа нови мотиви во споредба со текстот на Нушиќ, кој ги збогатува значењето на претставата и нејзините комични вредности“, пишува во каталогот за „Госпоѓа министерка“.