Хрватското дуо „Ту челос“ оваа есен доаѓа во Скопје. Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум „Скор”, популарното дуо ќе настапи во Скопје на 6 октомври годинава, во ВИП Арена, соопшти организаторот „Авалон продукција“.
„Ту челос“ за првпат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.
Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со своето музицирање успеаја нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис. Концертот е во организација на „Авалон продукција“