Избрани 10 финалисти од второто полуфинале на Евровизија

Вечерва во арената „Алтис“ во Лисабон се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Настапија 18 земји, а десет од нив се пласираа во финалето што ќе се одржи во сабота на 12 мај. Десетте финалисти од второто полуфинале се Србија, Словенија, Данска, Норвешка, Шведска, Украина, Унгарија, Австралија, Молдавија и Холандија.

Евровизиските фанови на социјалните мрежи коментираа дека ова полуфинале било многу послабо во однос на првото. „Да настапевме вечерва ќе влезевме во финале“ и „Јас би пуштила само 5 земји од вечерва, па би зела уште 5 од првото полуфинале“, се само дел од коментарите на Фејсбук и Твитер.

Во финалето на Евровизија ќе настапат 26 земји. Дваесет од нив се полуфиналистите, а останатите шест се Италија, Обединетото Кралство, Шпанија, Франција и Германија од големата петорка, и Португалија која како земја домаќин се пласираше директно во финалето.

Scroll to Top