Изложба на Дона Урдинов во „Концепт 37“

Вечерва во арт-кафулето „Концепт 37“ ќе се отвори вајaрската изложба Ex Parte Hominis од уметницата Дона Урдинов.

„Често овие ликови се инспирирани или директно поврзани со животинското царство бидејќи тоа за мене е еден од главните примери за балансиран дизајн“, вели Урдинова.

Дона е вајар и 3Д-карактер артист, ќерка на светски афимираниот уметник Киро Урдин. Од дете имала привилегија да биде опкружена со уметност, што придонело таа да стане нејзина пасија. Студирала на „Гномон“ во Холивуд, една од најдобрите академии за анимација и визуелни ефекти во филмови и игри во светот.

Делата од проектот Ex Parte Hominis ќе бидат изложени од 17 до 24 ноември.

Scroll to Top