Даниел Кајмакоски и Анита Мицова ќе пеат во Охрид за Нова година. Главниот настан ќе се одвива во Центарот на градот, каде што ќе бидат поставени 5 различни сцени.
Во рамките на празничната програмата ќе се одржат „Игри без граници“, театарски претстави, изложби на отворено, „Од срце за Охрид“ акција за најмладите, трки на дедомразовци, трка на келнери, ден на виното и слично. Во Охрид ќе се одржи и „Чоколаден новогодишен свет“, дополнет со музика, диџеи, Дедо Мраз и аниматори за најмладите.
Освен за новогодишната вечер, градот ќе организира уште неколку концерти на отворено. На 1 јануари ќе настапи Бени Шаќири, на 2 јануари Суперхикс, на 7 јануари за охриѓани ќе пее Сергеј Четковиќ, на 13 јануари концерт ќе одржат Љубојна, а на 19 јануари – Фолтин.