,,Китка“ од Ораовица слави јубилеј

КУД „Китка“ од с. Ораовица ќе прослави јубилеј 50 години од своето постоење во Домот на културата во Радовиш. Во петте децении фолклорниот ансамбл имал многу настапи во и надвор од земјава.

Ја претставувал Македонија во светот, го негувал фолклорот, освоил голем број награди и го пренесувал  културното наследство на помладите генерации. За „Китка“ настапувале повеќе од 1000 играорци.

Културно-уметничкото друштво има свој богат историски развој. Во далечната 1968 година група ентузијасти од село Ораовица, понесени од желбата да го прикажат изворното творештво преку игри, песни и обичаи, дошле на идеја да формират играорна група ,,Ораовица“.

Раководител бил Ѓорги Крстев. На почетокот репортоарот го креирале членовите на групата. Како први кореографи се споменуваат имињата на Ѓоргиева Анетка, Томов Марко, Илиев Ѓорги, додека музичари кои ја придружувале групата во почетокот биле Никола Петров, Ѓоргиев Ѓорги, Захарие Пецев, Симеон Христов (џуџако), Ристов Глигор (Гико) и Стефанов Петре.

Во 1972 година до 1974 година со групата   раководи Димитров Спасо,  а од 1974 година до 1977 година, Стоилов Јован. Во 1978 година за раководител е назначен Васил Василев и „Ораовица“ се преименува во КУД ,,Трајко Јованов“. Во 1984 година КУД ,,Трајко Јованов“ се преименува во ФА ,,Китка“. Васил Василев со ансамблот раководи  до 2007 година, кога за раководител на ансамблот е избран Димче Петров.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top