Иако до следното издание на „Егзит“ има уште осум месеци, но денес беше потврдена веста што дека „Кјур“ ќе настапи во јули следната година во Нови Сад, на Петроварадинска тврдина.
Претставниците на „Егзит“ соопштија дека носењето на легендарниот британски бенд била одамнешна желба на организаторите, а интересен е податокот дека менаџментот на бендот „Кјур“ се јавил кај луѓето од „Егзит“ и се понудил бендот да настапува на Петроварадинска тврдина следното лето.
„Секоја година од основањето на ‘Егзит’ мупраќаме понуди на ‘Кјур’ и парадоксално, баш во моментот кога е на врвот на кариерата – според пишувањата на светските медиуми – и тргнува на најбараната турнеја следната година, се случи менаџментот да ни се јави нам!“, рече денеска основачот на фестивалот, Душан Ковачевиќ.
„Кјур“ ќе настапи на првата фестивалска вечер, на 4 јули 2019 година. Фестивалот ќе трае до 7 јули.