Концерт на Балашевиќ во „Борис Трајковски“

Утревечер, во 20 часот, ќе одржи концертот на славниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќна во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Организатори се „Авалон продукција“.

Гостувањето е во рамките на последната турнеја во која во рекордно време беа распродадени сите арени во регионот: загребската, белградската, „Зетра“ во Сарајево, „Спенс“ во Нови сад и друг.

Балашевиќ во изминатиот период ја објави својата нова книга продолжение на „Календар мог детинства“, како и фантастичната нова песна „Дно дна“, која предизвика огромно внимание низ целиот регион.

Ова е четврто гостување на Балашевиќ во Скопје.

Scroll to Top